Крв
Крвта е течно сврзно ткиво.
Бојата зависи од количеството на кислород кое го носи со себе. Бојата и е светлоцрвена доколку во себе носи кислород, а темноцрвено кога во себе носи јаглероден диоксид.
Количината на крв кај возрасен човек е 7% или 1/13 од вкупната маса. Така човек кој тежи 70kg има 5,5 литри крв.
Крвта се движи низ затворен систем на садови, а движењето е потпомогнато со пумпање на срцето.

Улоги на крвта
1. Пренесување (крвта го пренесува кислородот, јаглеродниот диоксид; хранливите и непотребните материи; хормони)
2. Регулирање (pH, количество течности, температура)
3. Заштитна (леукоцитите штитат од заболувања, тромбоцитите штитат од прекумерно истекување на крв)

Состав на крвта
Крвна плазма
Крвна плазма е течниот дел на крвта и зафаќа 55% од волуменот. Плазмата се состои од 90% вода и различни супстанции растворени во неа. На пример во плазмата е растворена глукозата која се аспорбирала од тенкото црево и се пренесува до сите клетки за да со неа си создадат енергија. Исто така во неа се растворени: белкоини, масти, витамини, минерлани материи, хормони.

Формативни елементи (крвни клетки)
Еритроцити
Еритроцитите се црвени крвни клетки кои чинат 44% од крвта. Тие се мали дисковидни телца, кои немаат јадро. Во својата цитоплазма имаат белковина наречена хемоглобин. Молекулата на хемоглобинот содржи железо кое има спосбност да го врзува за себе кислородот (се оксидира), со што хемоглобинот преминува во оксихемоглобин. Кога железото се редуцира (врзува за себе јаглероден диоксид) хемоглобинот поминува во карбоксихемоглобин.

Леукоцити
Леукоцитите се бели крвни клетки застапени со 1%. Тие се поголеми од црвените крвни клетки и имаат јадро. Основна нивна функција е да го штитат организмот од различни видови напаѓачи. Тие се движат амебовидно, можат многу лесно да излезат низ ѕидовите на крвните капилари и да навлезат во ткивата. Таму со своите лажни ноџињаги заробуваат напаѓачите и ги изедуваат (фагоцитоза).

Тромбоцити
Тромбоцитите или крвни плочки се мали фрагменти (делови) од клетки. Тромбоцитите се неопходни за коагулација(засирување) на крвта при повреда. Кога при повреда крвта доаѓа во допир со кислородот, трмобоцитите пукаат и од нив излегува ензим тромбин. Тромбинот создава белковини во вид на нишки кои се испреплетуваат и формираат мрежа. На оваа мрежа се залепуваат црвени и бели крвни клетки со што се создава крвен колач (засирок) тромб или коагулум.