Рецептори за слух
Увото е орган за слух и за рамнотежа.
Увото може да се подели на три дела: надворешно, средно и внатрешно уво.
Надворешното уво
се состои од ушна школка, надворешен слушен канал (долг околу 2,5 см) кој има тенка кожа и во почетниот дел лојни жлезди.
Средното уво
е мала празнина која започнува со ушното тапанче, тука се сместени трие слушни ковчиња: чеканче, наковална и узенгија. Исто така тука има Евстахиева туба- канал кој го поврзува средното уво со голтката. Низ неа се врши постојано изедначување на притисоците од двете страни на слушното тапанче.
Внатрешното уво
е наречено коскен лавиринт и се состои од три дела: 1. предворје, 2. полжав и 3. Три полукружни канали(поставени под агол од 90' меѓусебно) поврзани со две торбички. Во сите три дела има течност перилимфа, а полжавот е исполнето со течност- ендолимфа.

Како слушаме?
Ушната школка ги насочува звучните бранови кон увото, тие навлегуваат низ надворешниот слушен канал и го растреперуваат слушното тапанче. Ваквото треперење се засилува од слушните ковчиња и се пренесува до перилимфата која почнува да се движи брановидно. Овие брановидни движења се пренесуваат и на ендолимфата. Механичкото движење на ендолимфата се регистрираат од трепки на рецепторните клетки (овие рецепторни клетки го чинат органот за слушање наречен орган на Корти) од полжавот, кои имаат способност движењата да ги претворат во слушни дразби.(секое влакненце вибрира при точно одредена висина на звучниот бран). Овие вибрации (слушни дразби) преку слушен нерв во вид на нервен импулс или порака се пренесуваат до слепоочниот резен од кората на големиот мозок.
|