Струјно коло
Струно коло или струен круг представува затворено протекување на електрицитет.
Наједноставно струјното коло се состои од:
извор на електрицитет(создавач на електрицитет)- батерија спроводници (пренесувачи на електрицитет)- метални жици потрошувач на електрицитет- светилка прекинувач исто така во стујното коло може да има и отпорник, кој служи за намалување на јачината на струјата, во случај кога јачината на батеријата е многу голема. |
Струјно коло може да се прикаже и со помош на следнава играчка со два надворешни приклучоци, која може да зуи или светка кога струјното коло е затворено. погледни видео
Со оваа играчка може да се состави струјно коло од двајца или повеќе ученици, од кои едниот ќе го допира едниот надворешен приклучок, а другиот ќе го допира другиот надворешен приклучок на играчката. погледни видео

Електрицитет можеме да создадеме самите ние
При триење на нашето тело се создава електрицитет.
На пример ако триеме балон од нашата коса тој ќе се наелектризира.
Кога се спуштаме по лизгалка во парк од триењето ние ќе се наелектризираме. На крај при допир на металната лизгалка не пецнува струја, затоа што електрицитетот од нас потекува на металната лизгалка како спроводник.
Ако одејќи по ќилимот ги триеме нозете ќе создадеме електрицитет. Ако потоа ја допреме металната рачка од вратата електрицитетот од нас ќе потече на металот и ќе не пецне струја.
Електрицитет се создава и во природата
При судир на два наелектризирани облаци електрицитетот од облаците паѓа на земјата на: некој метал, во вода, во човек или доколку нема спроводник кој ќе го привлече паѓа на највисоката точка од областа. Пр. некое високо дрво.

Електрицитет се создава и во фабрики: термоцентрали, хидроцентрали и ветерници
Во термоцентрали, на пример во РЕК Битола, во термо печки се гори големо количество на јаглен. Од топлината се загрева вода, која испарува. Од пареата која е со силен притисок се вртат турбини. Тие вртејќи се создаваат електрицитет. Електрицитетот се спроведува по жици на далноводите. Од таму оди во трансформатор каде од струја со многу голема јачина се трансформира-разделува на струја со помала јачина. Од трансформаторот преку жици на бандерите стигнува до нашите домови- во штекерите каде ние можиме да пркиклучиме некој апарат. Апаратот кој го приклучуваме има метален приклучок кој кога го ставаме во штекерот се допира до металните жици од кабелот во ѕидот и низ него протекува струја која му овозможува да работи.