Фактори кои влијаат на интензитетот на фотосинтезата
Светлина
Топлина
Хлорофил
Јаглероден диоксид
Вода
Старост на листовите на растението
За да го истражуваме влијанието на различните фактори врз интензитетот на фотосинтезата потребно е да спроведиме истражување со фертест. Да се подсетиме што беше фертест!
Светлина и топлина
Знаеме дека светлината е неопходен фактор за да се извршува фотосинтеза. Интензитетот на светлината во експериментот може да се менува со доближување и оддалечување на светилката до растението, но треба да земеме предвид дека со доближување на светилката освен светлината ќе се зголемува и топлината.
Во овој случај фертестот ќе изгледа вака:
Во овој случај фертестот ќе изгледа вака:
Доколку би се зголемувал само интензитетот на светлината во тој случај интензитетот на фотосинтезата ќе расте до одредена мера, а потоа ќе се одржува константно.
Кога се менува и температурата тогаш интензитетот на фотосинтезата расте до постигнување на оптимална температура од 30-40 степени, а со зголемување на температурата интензитетот на фотосинтезата опаѓа.
Кога се менува и температурата тогаш интензитетот на фотосинтезата расте до постигнување на оптимална температура од 30-40 степени, а со зголемување на температурата интензитетот на фотосинтезата опаѓа.
зголемување на интензитет на светлина |
зголемување на интензитет на топлина |
Хлорофил
Количината на хлорофил во листовите не можеме директно да ја менуваме, таа може да се менува само при недостиг на светлина или зголемена топлина, при што интензитетот на фотосинтеза би се намалил.
Јаглероден диоксид
Количината на јаглероден диоксид во експериментот можеме да ја зголемиме со додавање на NaHCO3 (натриум хидроген карбонат). Во тој случај фертестот ќе изгледа вака:
Вода
Од содржината на вода во почвата зависи степенот на отвореност на стомите, а од тоа пак зависи интензитетот на фотосинтезата. Ако стомите се затворени, со што се спречува навлегување на CO2, се намалува и интензитетот на фотосинтезата.
Старост на листовите
Се смета дека со стареењето на листовите се намалуваат синтетските процеси во светлата фаза.
ПРОВЕРИ ГО ЗНАЕЊЕТО
во оваа квиз игра треба да внесиш Т за точно или Н за неточно