Влијание на различната светлина врз фотосинтезата
погледни видео
За да утврдиме кој тип на светлина од спектарот најдобро влијае на интензитетот на фотосинтезата, потребно е да изведеме експеримент во кој под исти услови(иста оддалеченост на растенијата од исворот на светлина, иста температура, исто количество вода, исто количество на јаглероден диоксид, иста старост на растенијата) ќе го изведуваме експериментот за фотосинтеза, само што различни ќе бидат филтрите кои ќе ја симулираат различната светлина.
Уште повоочливи се разултатите при истражување на растење на растението под влијание на различен тип на светлина, што е дефинитивно резултат на интензитетот на фотосинтезата кој растението го извршува.
Уште повоочливи се разултатите при истражување на растење на растението под влијание на различен тип на светлина, што е дефинитивно резултат на интензитетот на фотосинтезата кој растението го извршува.
Растенијата се поставени под исти услови, подготвени за набљудување на растењето.
Растенијата почнаа да растат, сите напредуваат добро, со тоа што има мали разлики помеѓу нив.
Растението кое расте под бела светлина е добро пораснато. Растението кое расте под сина светлина исто така е пораснато и листовите му изгледаат цврсти. Растението кое расте под виолетова светлина е помало, но со широко отворени листови, а растението кое расте под црвена светлина е најмногу пораснато и има издолжени листови.
|
Растението кое расте под бела светлина е прилично пораснато, но првите листови се малку изгорени на краевите. Растението кое расте под сина светлина пораснало доста и листовите му изгледаат здраво и цврсто. Растението кое расте под виолетова светлина е помалку пораснато. И растението кое расте под црвена светлина е најмногу пораснато.
|
Растението кое расте под бела светлина има свежи млади листови, но постарите листови се овенати. Растението кое расте под сина светлина има големи свежи и интензивно зелени листови. Растението кое расте под виолетова светлина има изгорени млади листови- добиваме чувтство како изворот на светлина да бил преблиску до растението. Растението кое расте под црвена светлина е најмногу пораснато, но неговите листови се премногу кревки и со жолтеникава боја.
|