Ендокринен систем и хормонална регулација
Ендокриниот систем заедно со нервниот систем ги кординираат процесите во телото.
Ендокринен систем го сочинуваат ендокрини жлезди. Всушност жлездите се органи кои можат да имааат егзокрина функција- излачуваат сокови преку каналче до точно одреден орган и ендокрина функција- излачуваат хормони во крвта, кои преку крвта се носат до некое мета (целно) ткиво каде имаат задача да дејствуваат. Ендокрините жлезди дејствуваат врз: растот обновување сексуална репродукција дигестија хомеостаза (постојана внатрешна рамнотежа) |
За да функционира нормално нашето тело процесите мора соодветно да функционираат:
1. Ендокрините жлезди да лачат точно количество хормони
2. Телото да има доволно крв со која ќе ги пренесе хормоните
3. Ткивото кое ги прима да има доволно рецептори
4. Рецепторите кои ги примаат хормоните да бидат способни соодветно да одговорат на хормонскиот сигнал.
1. Ендокрините жлезди да лачат точно количество хормони
2. Телото да има доволно крв со која ќе ги пренесе хормоните
3. Ткивото кое ги прима да има доволно рецептори
4. Рецепторите кои ги примаат хормоните да бидат способни соодветно да одговорат на хормонскиот сигнал.
Поконкретно ќе согледаме која жлезда на кои процеси во телото влијае
Хипофиза
Хипофизата е мала жлезда која се наоѓа под меѓумозокот. Таа е наречена главна жлезда бидејќи лачи хормони кои ја поттикнуваат (забрзуваат или забавуваат) работата на другите жлезди.
Таа е составена од два резни: преден и заден. Од предниот резен на хипофизата се лачи СТХ или соматотропен- хормон за растење. Овој хормон предизвикува создавање белковини што се неопходни за растење. Ако има недостиг на овој хормон за време на растењето, детето нема доволно да израсне. Резултатот е џуџест раст. Ако се лачи вишок на овој хормон за време на растењето, детето прераснува во џин. Се добива гигантизам- џиновски раст. Ако кај возрасните се лачи повеќе од овој хормон се добива појава наречена акромегалија- зголемено растење на делови од телото: носот, учите, прстите на рацете и нозете, долната вилица и др. Од задниот резен на хипофизата се лачи хормонот окситоцин кој се излачува пред породување и предизвикува контракции на мускулите на матката и течење на млеко од дојките. |
Епифиза
Штитовидна или тироидна жлезда
Тироидната жлезда е сместена во вратот. Составена е од два странични резни (од двете страни на гркланот) кои се меѓусебе поврзани со тенка лента. Функцијата на тироидната жлезда е поттикнување на метаболитичките процеси во телото. Нејзиното правилно функционирање се поттикнува со внесување на јод преку исхраната.
Тироидната жлезда лачи хормон тироксин. Ако недоволно се лачи тироксин кај децата доаѓа до појава наречена кретенизам ( неправилен физички и умствен развиток). Ако е зголемена активноста на тироидната жлезда и повеќе лачи хормони се јавува Базедова болест. Таа е проследена со: гушавост, испупчени очи, нервоза, губење на тежина, забрзана работа на срцето, потење и.т.н. |
Градна жлезда
Панкреас
Панкреасот е жлезда со двојно лаачење.
Панкреасот има улога на егзокрина жлезда- лачи панкреасен сок кој се влива во дванаесетпалечно црево (почетниот дел на тенкото црево) и има улога да ги разградува мастите, белковините и шеќерите. Исто така панкреасот има и ендокрина функција лачи хормони инсулин и глукагон. Инсулинот има задача вишокот шеќер кој го има во крвта да го складира во црниот дроб. Кој претставуава еден вид магацин за шеќери. Глукагонот има обратно дејство од инсулинот. Во случај на недостиг на шеќер во крвта, тој го црпи шеќерот од црниот дроб и го носи во крвта која пак има задача да го транспортира шеќерот до секоја клетка, која од него и кислородот ќе си создаде енергија. |
Надбубрежни жлезди
Полови жлезди
Машки полови жлезди (семеници или тестиси) лачат машки полов хормон тестостерон. Неговото дејство започнува за време на пубертетот под дејство на хипофизата. Тој влијае на примарни полови карактеристики (развиток на полови органи) и секундарни полови карактеристики (промени во надворешниот изглед: развиток на мускулатура; ширење на раменици, стеснување на колковите; гласот станува длабок; развиток на Адамово јаболко на вратот и поголема влакнатост по цело тело)
Женски полови жлезди (јајници или овариуми) лачат хормони естроген и прогестерон. Овие хормони влијаат на развиток на секундарни полови карактеристики (заоблување на колковите и стеснување на рамениците; растење на гради; гласот станува понежен; појава на влакнатост на одредени делови од телото. |