Намали, повторно употреби, рециклирај!
Во минатото човекот живеел попримитивно така што сам си произведувал храна и облека, немало развиена индустрија и.т.н. За разлика од тогаш во денешното модерно општество се' повеќе се зголемува видот на производи и услуги што ги користи човекот.
Сите производи кои ги користи човекот после нивното искористување стануваат отпад.
Големата количина на отпад која се создава природата не може да ја разложи, па затоа основна цел е да се создава колку што може помалку отпад, како и од отпадот да се искористи и употреби колку што може поголем дел.
Управувањето со отпадот опфаќа три основни чекори што треба да се поминат пред некој предмет да се исфрли како отпад.
Намалување
Сите треба да ја намалиме употребата на производи, а со тоа ќе ги намалиме отпадните продукти во корпата за отпад.
Затоа е подобро да се купува во поголеми пакувања.
Да не се купуваат производи кои содржат непотребна амбалажа.
Потоа, треба да се пазари во платнена торба, а не во пластични кеси.
Исто така, треба да внимаваме на количината што ја набавуваме, да оцениме колку е доволно за денот или за неделата според потребите, за да не фрламе неискористени продукти или расипана храна.
Повторна употреба
Некои производи можат повторно да се употребат за одредена намена и да не се фрлаат веднаш во корпата.
Затоа треба да се размисли пред да се исфрли нешто: дали можам повторно да го искористам ова?
Треба да бидеме креативни и да смислиме многу нови начини на повторна употреба на искористени предмети, на пример, кутии од чевли за кутии за накит, лименки за кутии за моливи и пенкала и сл.; повторно полнење на пластични шишиња и садови, повторно користење на пластични кеси, давање на други или продавање на стари играчки, книги, облека, бела техника, мебел, друга опрема итн., наместо да ги фрламе.
Рециклирање
Рециклирање е процес при кој искористените предмети (стаклени шишиња, весници и друга хартија, лименки, пластични шишиња, метални предмети, текстил) се носат во фабрики, се преработуваат, со цел повторно да се добијат нови производи што можат да се употребуваат.
Со ова се овозможува заштеда на природните богатства и намалување на отпадоците во депониите.

Еве еден добар пример за развиена еко свест на една наша ученичка, која сигурно ќе ве поттикне и вас вака да размислувате
Како пример по кој можеме да се раководиме може да ни послужи Шведска- држава која најуспешно се справува со отпадот.
Во Шведска повеќе од 99% од домашното ѓубре се рециклира на еден или друг начин.
Граѓаните го раздвојуваат ѓубрето во нивните домови, фрлајќи го во одвени ќеси(весници, пластика, метал, електрични апарати, сијалици и батерии), потоа тоа се собира во рециклирачки станици кои ги има на секои 300м оддалеченост, а потоа се носи во фабрика каде се преработуваат.
Весниците се користат за добивање хартија, пластиката се меле и реупотребува за други пластични производи, од храната се добива компост или биогас- со хемиски процес, загадената вода се преработува до ниво да се флашира.
Ѓубрето е евтино гориво, поради што Шведска увезува 700 000 тони ѓубре годишно од други држави.
Чадот од фабриките содржи 99%нетоксичен јаглероден диоксид и вода, но сепак се филтрира низ филтри и вода. Талогот што се добива при филтрација се собира во искористени рудници.
Но Швеѓаните не се задоволни со ова достигнување и сметаат дека сепак може да се направи нешто повеќе. Имено реупотребата на материјалите доведува до помала загуба на енергија одколку да се рециклира за да се добие друг предмет од него.
Има предлог до владата да се ослободат од данок производите кои не содржат токсични супстаниции во себе така што поедноставно ќе се изведе нивното рециклирање.