Национални паркови 1
Национален парк е заштитен природен или полуприроден предел во сопственост на Владата на една земја. Националните паркови се богати со ретки видови и видови кои се значајни за природата и биодиверзитетот (разновидност на растителниот и животинскиот свет).
Флората (растителниот свет) и фауната (животинскиот свет) во националниот парл се од големо значење за природонаучното истражување, но и за самата држава бидејќи представуваат природно богатство и реткост.

Во ваквото подрачје се забранети градежни потфати, искористување на природните ресурси и менување на теренот, а се дозволува негово користење за рекреација и еколошки активности.
Национлен парк Пелистер
Прогласен е за национален парк во 1948 година како прво заштитено природно добро во Република Македонија. Се карактеризира со поголем број врвови повисоки од 2000 метри, а највисок врв е Пелистер (2601 м).
Од релјефните облици на Пелистер највпечатливи се т.н. камени реки.
Со посебна природна привлечност се двете леднички езера — Големото и Малото Езеро на Пелистер, познати како “Горски Очи”.
Растителниот свет на Пелистер е мошне разнообразен. Тука растат 88 дрвни видови. Од шумските дрвни видови најголема вредност има моликата - петоигличест бор којшто расте само на неколку планини на Балканскиот Полуостров.
НП Пелистер претставува класично наоѓалиште за повеќе од 20 растителни видови, од коишто 2 се локални ендемити. Од ‘рбетниците се среќаваат: 10 видови водоземци, 15 влекачи, 91 вид птици и 35 видови цицачи.
Од рибите, значајно е да се истакне присуството на пелистерската ендемска поточна пастрмка и пелагониската поточна пастрмка.

Национален парк Маврово
Е најголем е меѓу трите национални паркови во Македонија. Прогласен е за национален парк во 1948 година.
Во границите на паркот се среќаваат: речни долини, клисури, водопади, пештери, леднички езера.
Од вегетацијата на паркот најголема застапеност има заедницата од горска букова шума.
Фауната на националниот парк Маврово исто така се одликува со значителна разноликост, од кои, позначајни се: сивиот сокол, орелот крстач, шумскиот и големиот буф.
Од цицачите најважни се: мечката, рисот и дивокозата, а во реката Радика живеат кафеавата пастрмка и други видови риби.

Национален парк Галичица
Се наоѓа во југозападниот дел на земјата и ги дели Охридското и Преспанското Езеро. Прогласен во 1958 година заради особените природни убавини и карактеристичниот растителен и животински свет на шумите и шумските предели. Националниот парк Галичица особено се истакнува по големото флористичко (растително) богатство.
Од фауна тука има дива коза, рис и мечка. Исто така значајни се големиот и малиот корморан и пеликанот од птиците кои природно го населуваат Преспанското Езеро и островот Голем Град.