Национални паркови
Преку различните активности кои ги превзема, свесно или несвесно, човекот прави промени врз животната средина( позитивни и негативни). Со секоја промена се менуваат условите во живеалиштата на живите организми. Тоа може да доведе до изумирање и исчезнување на разни видови.
За да се заштитат живелиштата и да се спречи исчезнувањето на дивите животни и природните растителни видови се превземаат одредени позитивни мерки.
Поради тоа регионите каде што живеат ретки видови, како и видови кои постојат од многу одамна во тој регион и се особено значајни за биодиверзитетот (разновидноста на растителниот и животинскиот свет) се прогласуваат за национални паркови.
Една од позитивните мерки е заштита на природата во националниот парк преку воведување на правила за однесување во националниот парк:
1.Собирање примероци од диви растителни видови или ниви делови е строго забрането.
Внимавајте да на го загрозите нивното постоење.
2. Пред заминување соберете го отпадот.
Природата нема време за одлагање отпад.
3. Вашите миленичиња водете ги на кус поводник, таму каде што се границите на природното богатство.
4. Преградувањето на водотеците е забрането.
Тоа може да го намали биолошкиот минимум и да доведе до нарушување на биолошката рамнотежа.
5. Кампувањето и палењето оган е забрането.
Внимавајте на опасноста од пожари!
6. Уништувањето на пештерски украси, фосилни остатоци и минерали е најстрого забрането.
Заштитете ги за доброто на идните генерации!
7. Движењето во границите на природното наследство треба да се одвива единствено по одбележани патеки и планинарски патеки.

Друга позитивна мерка е воведување на законски правила за ограничен лов и риболов.
За да се лови дивеч или риба во националниот парк мора да се поседува дозвола за лов или риболов, соодветно.
При тоа ловот и риболовот се ограничени.
На пример риболов во река Радика е дозволен од 01.02 до 30.09. и тоа само во одредени денови од неделата. Зошто?

На сликата е прикажан животниот циклус на рибите.
Кај рибите половото размножување е надворешно. Женката ги полага јајцата во надворешната средина. Од оплодените јајцеклетки се развиваат рипчиња кои со време израснуваат во возрасни единки.
Риболовот не дозволен во период кога рибите се мрестат и се многу мали, а е дозволено да се ловат само големи риби.
На пример големината на уловените пастрмки, крап, клен мора да биде над 30см.
A максимално дозволено количество на уловени риби е 2 кг пастрмка, 4 кг крап и сл.