Начини на одделување на материи од вода:
1. Декантација е постапка за одделување на материи кои се нерастворливи во вода и кои се изградени од покрупни честички. Таа се базира на внимателно истурање на водата при што нерастворената материја ќе остане како талог во чашката.
Пример: Ако земеме смеса од песок и вода. Знаеме дека песокта не се раствара во вода и после одредено време ќе се исталожи на дното од чашката, па со внимателно истурање на водата можеме да ја одвоиме песокта од водата.
2. Филтрација е процес на одвојување на цврста материја од течност за што во лабараторија се користи: инка, филтерна хартија и чашка. Филтерната хартија ги запира честичките од цврстата метрија така што течноста што се процедува низ филтерната хартија се нарекува филтрат, а на филтерната хартија се собира талог.
Пример: Смеса од песок и вода.
3. Дестилација е процес на одделување на течни материи од раствор, врз база на разликите во нивните тамператури на вриење. Процесот се состои од загревање на смесата, така што материјата со пониска температура на вриење попрва ќе испари, па потоа се лади и претвора во течна состојба, па потоа следната материја испарува, се лади, преминува во течна состојба.
Пример: Кај нас најпознат е добивање на ракија. При овој процес од вино кое претставува смеса од алкохол и вода, со дозирано загревање алкохолот кој има пониска точка на вриење испарува, потоа пареата се лади и на тој начин се дбива чист алкохол- ракија.
4. Хроматографија е постапка за раздвојување на бои, која се базира на различната растворливост на боите во вода.
Пример: Во пенкалата со кои пишуваме има мастило. Знаеме дека секое мастило има различна нијанса на плаво. Тоа значи дека секое мастило е составено од комбинација на неколку бои. За да видиме кои бои ги содржи мастилото одбележуваме црта на филтерна хартија. Хартијата ја потопуваме во вода. Боите кои се содржат во мастилото имаат различна брзина на растварање во вода па поради тоа секоја боја испишува линија со различна должина на филтерната хартија.
* Треба да внимаваме хартијата да не остане предолго во водата, бидејќи во тој случај сите бои ќе ја испишат цела хартија.