Одделување на цврсти материи
Смеса представува мешавина од две или повеќе материи кои при мешањето не ги менуваат своите својства.
Начини на одделување: Материите од смесата можат да се одвојат на различни начини во зависност од својствата на материите. На пример ако имаме две цврсти материи од кои едната материја е составена од многу крупни честички, а другата од многу ситни тие може да се одвојат со сито. (пример: ориз и брашно) |
Доколку цврстите материи не можеме да ги одвоиме од смесата, тогаш додаваме вода во смесата и применуваме некој од следниве начини: декантација, филтрација, дестилација или хроматографија