Раствори и смеси
Доколку не можеме да ги одвоиме цврстите материи од смесата во неа додаваме вода, при што се добива раствор.
Растворот се состои од растворувач и растворена материја (супстанца).
Најчесто како растворувач се користи водата.
Материите кои се раствараат во вода се нарекуват растворливи материи во вода.
Материите кои воопшто не се раствараат во вода се нарекуваат нерастворливи материи во вода.
Според количеството на растворена супстанца во растворувачот, растворот може да биде: незаситен, заситен и презаситен.
Незаситен е растворот во кој растворувачот може да раствори уште од растворливата супстанца.
Заситен е растворот во кој има максимално можно количество на растворена супстанца.
Презаситен е растворот во кој има вишок растворлива супстанца, кој се исталожува на дното од чашката.

Растворливоста на материјата во вода може да се забрза со мешање (шеќер и вода), како и со загревање (шеќер и вода) или ладење (гасена вар и вода).
На некои супстанции кога им додаваме вода стапуваат во реакција.
Хемиски реакции се случуваат кога мешаме супстанции, при што ќе се добие целосно нова супстанца, а при реакцијата ќе се ослободи нешто во воздухот (гас, топлина и др.). Супстанциите кои учествуваат во реакцијата се нарекуваат реактанти. Бидејќи реактантите реагираат и при тоа се создаваат нови супстанции, реакцијата представува неповратен процес.

Пример за реакција е:
1. Мешање на гипс со вода. (*гипсот се користи за имобилизација на скршени коски, изработка на статуи, во таблети...)
Ако помешаме гипс со вода и во садот со растворот ставиме термометар, можеме да забележиме дека темепературата се зголемува. Ова се нарекува егзотермен процес. (егзо- надвор, терм- топлина: топлината оди надвор). Пример за егзотермен процес е и горењето, бидејќи при тоа се ослободува топлина.