Расфрлање отпадоци
Видови отпад:
комунален отпад (се состои од отпад од домаќинствата, градежниот материјал и отпадот од улиците.)
индустриски отпад (настанува во производните процеси во индустријата: рударството, металургијата, хемиската индустрија, електричните централи, како и во индустријата за производство на вештачки ѓубрива)
опасен отпад (е отпадот што содржи супстанции кои имаат едно од следниве својства: реактивност, експлозивност, запаливост, канцерогеност, инфективност, мутагеност, токсичност, надразливост и својства на испуштање на отровни гасови)
радиоактивен отпад (настанува со примената на радиоизотопите во медицинските центри и индустријата) и
медицински отпад (се создава во медицински здравствени институции: болници, поликлиники, амбуланти и лабаратории)

Несоодветното третирање и депонирање на отпадот предизвикува здравствени и еколошки проблеми како што се загадување на почвата, загадување на воздухот преку согорување, визуелно загадување, непријатен мирис, емисии на гасови од групата на стаклена градина и контаминација на подземните води.
Зошто не треба да се расфрла отпад?
- Личи валкано.
- Расчистувањето на отпадот чини пари.
- Привлекува муви и комарци.
- Може да е опасно за луѓето и животните.
- Скршено стакло може да предизвика сериозни повреди.
- Пластичните кеси може да ги задушат домашните животни или миленичињата.
- Ситните диви животни (пр. глувците или кртовите) се заглавуваат во шишињата и умираат од глад.
- Дивите животни може да се заплеткаат во фрлени мрежи или жици.