Скелетен систем
Скелетот го сочинуваат 206 коски од нашето тело.
Улогата на скелетот е:
1. потпорна- дава потпора на цело тело
2.движење- заедно со мускулите овозможува движење на телото
3.заштитна- черепот го заштитува мозокот, а градниот кош ги заштитува виталните органи: срцето и белите дробови.
4.создавање на еритроцити- во црвената коскена срцевина
5.депо за калциуми- во коските се складираат соли на калциум, магнезиум и фосфор.

Скелет на главата
Скелетот на главата се состои од:
1. Череп кој е изграден од следниве коски: челна коска, две темени коски, тилна коска, две слепоочни коски, две ситести коски( заедно наликуваат на лилјак со раширени крилја) и клинеста коска (сместена во внатрешноста на черепот позади очите).
2. Лицев дел изграден од долновилична коска(единствена подвижна коска на главата), две горновилични коски, две јаболчни коски, две носни коски и две солзни коски.

Трупот се состои од:
1. Граден кош
Градниот кош е изграден градна коска во облик на буквата Т и ребра кои се поврзани за неа од едната страна и за 'рбетот од другата страна. Седум пара се вистински ребра кои преку 'рскавица се директно поврзани со градната коска. Три пара лажни ребра кои преку последното вистинско ребро се поврзани со градната коска и два пара пливачки ребра кои не се поврзани со градната коска. |
2. 'Рбетен столб
'Рбетот е изграден од прешлени- 34 прешлени кај децата,а 26 кај возрасните, затоа што доаѓа до сраснување на прешлените во долниот дел на 'рбетот. Прешлените се со неправилна форма. Секој прешлен во средината има отвор, а отворите на сите прешлени кои се поврзани помеѓу себе формираат канал во кој е сместен 'рбетниот мозок. 'Рбетот гледано во профил има форма на буквата S, а гледано од назад треба да има прав изглед. 'Рбетот е поделен на пет региони: вратен граден слабински крстен и опашен регион. |
Скелет на екстремитетите и нивните појаси
1. Рацете се поврзани за трупот со раменски појаси.
Раменскиот појас е составен од: клучна коска и лопатка Раката е составена од два дела: надлактица (која е представена со раменската коска) и подлактица (составена од палечна и лакотна коска). Шаката е изградена од: два реда по четири ситни коцкести карпални коски, пет метакарпални коски и 14 коски на прстите. 2. Нозете за трупот се поврзани со карличен појас. Карличниот појас е составен од три пара коски: слабинска, седечка и срамна коска кои се сраснати меѓу себе во една- карлица. Нозете се составени од: надколеница која е представена со бутната коска (најдолга коска во нашето тело), коленова капсула и подколеница составена од мала писка и голема писка. Стапалото е составено од: седум задодилни коски, пет одилни коски и 14 коски на прстите. |