Стаклена градина
Ефект на стаклена градина е природен процес. Тоа всушност представува процес во кој стакленичките гасови (водена пареа, јаглеродиоксид, метан, азотни оксиди) се собираат во еден дел од тропосферата и формираат топлотен штит кој ја одбива и враќа топлината што ја зрачи Земјата. На тој начин Земјата дополнително се загрева и е многу потопла во споредба со други планети каде нема атмосфера, што овозможува живот на планетата Земја.
|
Но во последните години поради загадувањето, концентрацијата на штетните гасови во природата е многу голема,особено на јаглероден диоксид(потекнува од горење на фосилни горива и сечења на дрвја) и метан (потекнува од оризови полиња и од животни како што се кравите). Стакленичките гасови го нарушуваат озонот кој представува природен филтер на атмосферата.
Зголемената концентрација на штетни гасови формира подебел топлотен штит кој не дозволува преминување на топлината во атмосферата и целосно се задржува на површината на Земјата. На овој начин доаѓа до засилен ефект на стаклена градина што предизвикува негативни последици. |
Загадувањето од фабриките, автомобилите и домовите го прави дождот кисел. Всушност кога фосилните горива како јаглен и нафта горат во термоцентрали, фабрики, институции или нашите домови, при согорувањето се ослободуваат штетни гасови како јаглероден диоксид и сулфурдиоксид. Овие гасови се мешаат со воздухот- одат во облаците. Тие предизвикуваат создавање на кисели дождови.
Постојаниот засилен ефект на стаклена градина преку цела година, на цела планета доведува до глобално затоплување.
Активности кои го засилуваат ефектот на стаклена градина и предизвикуваат глобално затоплување:
1. Одлагање на депонија- ослободување на метан. 2. Горење на фосилни горива- зголемено количество јаглеродендиоксид. 3. Сечење на шумите- намалување на количеството кислород. 4. Интензивно работење на фабрики- ослободување на метан, јаглероден диоксид, азотни оксиди. 5. Автомобили- јаглерод диоксид, азотни оксиди. |
Како да се намалат ефектите на стаклена градина?
1. Претворање на органскиот отпад во компост, наместо негово согорување. 2. Ефикасна употреба на енергијата во домовите. 3. Масовно пошумување- со што би се намалил вишокот јаглероден диоксид. 4. Поставување филтри на оџаците од фабриките. 5. Разумно користење на автомобилите и давање предност на велосипедите и јавниот превоз. |
Доколку глобалното затоплување продолжи и понатаму може да дојде до:
Топење на санти мраз на половите
Подигнување на водното ниво на океаните
Зголемен број поплави
Штетни ефекти на глобалното затоплување
Врз здравјето:
Размножување на комарци кои пренесуваат заразни болести.
Покачени летни температури кои доведуваат до поголема смртност.
Во сушните предели- неисхранетост и глад.
Врз животната средина:
Промена на условите- промена во растителниот свет- исчезнување на видови.
Топење на глечерите- зголемување на морското ниво- загуба на плажи.
Суши-исушување на реките- загрозување на вода за пиење.
Топење на санти мраз на половите
Подигнување на водното ниво на океаните
Зголемен број поплави
Штетни ефекти на глобалното затоплување
Врз здравјето:
Размножување на комарци кои пренесуваат заразни болести.
Покачени летни температури кои доведуваат до поголема смртност.
Во сушните предели- неисхранетост и глад.
Врз животната средина:
Промена на условите- промена во растителниот свет- исчезнување на видови.
Топење на глечерите- зголемување на морското ниво- загуба на плажи.
Суши-исушување на реките- загрозување на вода за пиење.