Видови на циркулација
Протокот на крвта низ организмот се нарекува циркулација или крвоток.
Крвотокот е неопходен за пренесување на различни материи низ телото.
Благодарение на работата на срцето крвта се движи низ телото низ цевчиња наречени крвни садови.
Срцето и крвните садови го составуваат циркулаторниот систем.
Крвотокот се разликува кај различни организми.

Во затворен крвоток крвта се движи низ крвните садови (артерии, вени и капилари) и не се излева помеѓу ткивата.
Рбетниците имаат затворен крвоток. Разликуваме единечен и двоен крвоток. Рибите имаат единечен крвоток бидејќи кај нив крвта минува низ срцето само еднаш.

единечен крвток кај риби
|
двоен крвоток кај човек
|
Крвоносен систем кај човекот
Циркулаторниот систем кај човекот е составен од мал и голем крвоток.
Со малиот крвоток крвта се ослободува од јаглероден диоксид во белите дробови и се снабдува со кислород.
Малиот крвоток започнува од десната комора на срцето преку белодробна артерија што се дели на две гранки кои носат крв во двете белодробни крила. Во белите дробови преку крвни капилари се врши размена на гасови прившто крвта го испушта јаглеродниот диоксид, а се збогатува со кислород. Крвта богата со кислород преку четири белодробни вени, што излегуваат од двете белодробни крила, се враќа во левата предкомора.
Големиот крвоток го сочинуваат крвни садови кои носат кислород и хранливи материи до сите клетки и ткива во телото.
Започнува од лева комора, од каде излегува најголема артерија наречена аорта. Аортата прави аортен лак од кој излегуваат три гранки (артерии) кои ги снабдуваат главата и рацете, а самиот аортен лак продолжува надолу снабдувајќи ги со крв внатрешните органи и екстремитетите.
Артериите минувајќи низ телото се разгрануваат на артериоли, а тие на поситни артериски капилари кои се навлегуваат во ткивата и клетките на органите. Таму се врши размена на материите и гасовите. Хранливите материи и кислородот се предаваат на клетките за во нив де се случи процесот на клеточно дишење, со што ќе се добие енергија, а од клетките се ослободува јаглероден диоксид и непотребни материи, како продукти на клеточното дишење. Од клетките почнуваат да се протегаат венски капилари, кои се спојуваат во венули, а тие во вени низ кои се враќа крвта во срцето. Од долниот дел на телото (нозе и внатрешни органи) крвта се влива во долна шупла вена која се влива во десната предкомора на срцето. Од горниот дел на телото (главата и рацете) крвта се собира преку горна шупла вена, која ја влива во десната предкомора на срцето.

Една од најважните функции на крвоносниот систем е да ги снабди со кислород сите клетки во телото. Кислородот навлегува во крвта кога таа поминува низ белите дробови. Кислородот од воздухот во белите дробови преминува во крвта со дифузија. Кога крвта содржи многу кислород, тогаш таа е светлоцрвена. Велиме дека крвта е оксидирана.
При поминување на крвта низ ткивата кислородот излегува од крвта и навлегува во клетките што го користат за функционирање.
Кога крвта ќе го ослободи поголемиот дек од кислородот во ткивата, а ќе го превзема јаглеродниот диоксид во ткивата, таа станува сино-црвеникава. Тогаш велиме дека крвта е редуцирана (деоксидирана).