Горење
За да се создаде оган потребни се три главни работи:
- гориво (нешто што ќе гори)
- топлина ( која ќе се доведе преку она што ја отпочнува реакцијата на горење)
- кислород (кој го поттикнува горењето- во безвоздушен простор не може да има горење)
Ако овие три работи се присутни се создава пламен и огнот почнува да гори.

За да изгасни огнот потребно е да отстраниме најмалку едно од трите нешта.
Размисли во различни ситуации што е најпаметно да отстраниш за огнот да престане да гори.
Кога гори тавче со масло најпаметно е да го отстраниш кислородот, така што ќе го покриеш тавчето со капак или ќебе.
Кога гори електрична инсталација најпаметно е да го одстраниш горивото, така што ќе ја исклучиш струјата.
Кога гори свеќа најпаметно е да ја одстраниш топлината, така што ќе ја дувниш свеќата, но исто така може да го одстраниш СО2 така што ќе ја преклопиш свеќата со чаша.
За најбезбедно гаснење на огнот пожелно е да се поседува противпожарен апарат. Постојат повеќе видови противпожарни апарати, кои функционираат на база на различни материи, oзначени се со различни бои и се наменети за гаснење на различни типови на материи кои горат.