Готвење
Готвењето е неповратен процес, бидејќи при процесот на готвење најголем дел од намирниците/ материите кои се користат ги менуваат своите својства и не можат да се вратат во првобитната состојба.
Истражувањето и споредбата на сирова и зготвена храна се однесува на анализирање на боја, мирис, вкус, маса, облик, големина, агрегатна состојба и др. На овој начин се добива прегледност за тоа кои својства се промениле, а кои не при процесот на готвење на дадена материја. |
Доколку анализираме повеќе намирници, за тоа кои својства им се промениле при готвење резултатите од истражувањето може да ги представиме на дијаграм.
Пример 1: На x- оската (хоризонталната линија) ги нанесуваме намирниците кои ги испитуваме, а на y-оската (вертикалната линија) ги нанаесуваме со бројка својствата кои ги испитуваме. Ако сме анализирале: компир, морков, ориз, јајце... за секоја намирница ќе добиеме столбче. Ако на компирот му се промениле три својства неговиот столб ќе биде издигнат до три. Ако на оризот му се промениле четири својства неговиот столб ќе биде издигнат до четири. Ако на јајцето му се промениле пет својства неговиот столб ќе биде издигнат до пет и.т.н. На овој начин за секоја намирница се добива столб со различна висина, што ни покажува дека некоја намирница(материја) е поподложна на промени ако има повисок столб, а друга пак помалку се променила при готвење ако има помало столбче.
Овој график ни покажува колку се променила секоја намирница при готвење
Пример 2: Исто така резултатите можат да се представат и на графикон како вториот тип. На пример на x- оската (хоризонатлната линија) ги нанесуваме својствата кои ги испитувавме, а на y- оската (вертикалната линија) ги нанесуваме намирниците под број. Ако својството физички изглед се променило кај пет намирници тоа својство ќе биде издигнато до пет, ако агрегатната состојба се променила кај една намирница тоа столбче ќе биде издигнато до еден, ако бојата се променила кај три намирници ова столбче ќе биде издигнато до три и.т.н. На ваквиот график секое својство ќе биде представено со различен висински столб, што ни покажува дека при готвење некои својства почесто се менуваат кај повеќето намирници (пр. мирис, вкус, маса и др.), додека некои својства многу ретко се менуваат (пр. агрегатна состојба).

Овој график ни покажува кои својства најчесто се менуваат при готвење, а кои најретко
За домашно секој од вас да анализира по три намирници. На пример макарони, морков и јајце.
Анализирајте ги својствата на секоја материја пред и после готвењето (варењето) т.ш. податоците ќе ги внесите во табела како таа дадена во лекцијата.
Потоа резултатите представете ги на график како во двата примери: прво анализирајќи ги материите(колку тие се промениле- како на графикот од пр.1), а на друг график анализирајќи ги својствата (кое својство најчесто, а кои својства поретко се менуваат- како на графикот од пр.2)