Видови зглобови
Зглобот е место на спојување на две или повеќе коски.
Спојувањето може да биде: неподвижно, полуподвижно и подвижно.
Неподвижно поврзување на коските е поврзување со шевови. Во овој случај двете коски имаат назабени делови кои навлегуваат еден во друг. На овој начин се поврзани коските на главата кои сочинуваат една целина наречена череп кој има за задача да го заштитува мозокот.
Полуподвижно поврзување е со помош на 'рскавица која се наоѓа помеѓу двете коски. Ова поврзување овозможува само делумно движење. Ваков начин на поврзување има меѓу ребрата и градната коска и меѓу прешлените на 'рбетот.
Подвижно поврзување (синовијален зглоб). Постојат шест типа на зглобно поврзување на коските во нашето тело.

Постојат шест вида на зглобови:
Градба на подвижни зглобови
видео материјал |
Подвижните зглобови се нарекуваат синовијални зглобови.
Во подвижниите зглобови коските се држат заедно со лигаменти. За подобра заштита и цврстина зглобовите имаат имаат зглобна капсула од сврзно ткиво, кое е еден вид продолжение на покосницата што го затвора зглобот. Површината на двете коски е покриена со мазна и лигава 'рскавица. Помеѓу двете споени коски има синовијална течност, густа и лигава, која го спречува го спречува триењето на коските и нивното оштетување. |