Видови на коски според формата
Коските кои влегуваат во градба на скелетот се различни по изглед.
Тие може да бидат:
Тие може да бидат:
долги коски
(на рацете и нозете) |
плочести
(ребра, череп, лопатка...) |
коцкести
(карпалните коски на шаката) |
неправилни
(прешлените) |
Градба на коска
На една долга коска разликуваме два проширени краеви кои се нарекуваат епифизи и еден издолжен дел наречен дијафиза.
На проширените краеви од коската има 'рскавица која го намалува триењето во зглобот.
*Коската однадвор е препокриена со тенка и мазна oбвивка наречена покосница. Покосницата е изградена од клетки кои имаат спосoбност интензивно да се делат, со што овозможуваат растење на коските во детството, но и заздравување на коските при скршеници. Во покосницата има крвни садови кои носат кислород и хранливи материи до секоја клетка, како и нервни влакна кои ја прават коската осетлива.
*На краевите коските се изградени од сунѓересто коскено ткиво, во кое помеѓу клетките има празни простори.
Помеѓу клетките од сунѓерестата коска се наоѓа црвена коскена срцевина која создава еритроцити.
*Издолжениот дел од коската, пак е изграден од компактна или вистинска коска, која е составена од цврсто збиени клетки.
Во средината на коската се наоѓа коскен канал кој е исполнето со жолта коскена срцевина составена од масти.
Коскеното ткиво е изградено од ѕвездовидни клетки ОСТЕОЦИТИ кои создаваат меѓуклеточна органска материја (осеин) и неоргански материи (соли на калциум, магнезиум и фосфор).
Осеинот ја дава еластичноста на коските, а неорганските материи ја даваат цврстината. Кај децата многу повеќе застапен е осеинот, поради што нивните коски се повеќе еластични, додека кај возрасните 1/3 од составот на коските отпаѓа на осеин, а 2/3 се неоргански материи поради што нивните коски се покрути и полесно кршливи.