Растенија
Растенијата се живи организми кои се одликуваат со основните биолошки особини: исхрана, дишење, движење, излачување, осетливост, растење и размножување. Биолошките особини се заеднички за растенијата и за животните, само разликата е градбата на органите и начинот на кој се одвиваат тие процеси.
Растенијата се поделени во две групи: бессемени и семени растенија.
Во бессемени растенија спаѓаат: мовови(мали зелени растенија кои живеат на ладни и влажни места. Немаат вистински органи нити спроводно ткиво. Се размножуваат со спори, само во присуство на вода. и папрати(кај нив се развиени сите растителни ткива и органи- корен, подземно стебло и листови. Се рамножуваат со спори.)
Во семени растенија спаѓаат: голосемени(иглолисните растенија- тие се дрвја кои се размножуваат со помош на поситните машки и покрупните женски шишарки, на кои семнките се голи- видливи од внатрешната страна на плодните листови на шишарката) и скриеносемени(поделени на монокотиледони и дикотиледони)

Делови на листот
Лиската е најважниот дел од листот и има најголема површина во однос на останатите делови на листот. На плочестата лиска се разликува лице и опачина. Листот секогаш е свртен со лицето кон сонцето. Лицето на листот има темнозелена боја, додека опачината има светлозелена боја. Повеќето лиски се широки, рамни и тенки за да може светлината да продре до сите клетки во листот.
Според бројот на лиски што се наоѓаат на една дршка листовите се делат на прости и сложени.
На лицето од секоја лиска има бројни вдлабнатини, а на опачината испакнатини кои представуваат спроводни елементи а се означуваат како нерватура на листот. Нерватурата може да биде паралелна (кај монокотиледоните) или мрежеста (кај дикотиледоните) растенија.
Лисната дршка ја прикрепува лиската за стеблото и го поставува листот во одредена положба во однос на светлината. Листовите без лисна дршка се седечки.
Местото кајшто листот се прикрепува за стеблото е лисна основа.

Внатрешна градба на листот
Над површината на листот има тенок проѕирен слој- кутикула, кој како восочен слој ги заштитува клетките од исушување. Целата површина на листот ја покрива епидермис, кој ги штити внатрешните ткива. Најчесто епидермисот е диференциран на горен и долен епидермис. Горниот епидермис е изграден од покрупни клетки, без стоми, додека долниот епидермис е од помали клетки со потенка кутикула и има стоми. Дебелината на клеточните ѕидови на клетките зависи од условите на средината.
Помеѓу два епидермиса се наоѓа мезофил. Кај повеќето дикотиледони мезофилот на листот е диференциран на палисадно и сунѓересто ткиво.
Палисадното ткиво е изградено од издолжени цилиндрични клетки, поставени нормално на површината на листот, густо збиени со мали меѓуклеточни простори. Тоа може да биде едноредно или повеќередно кај растенијата кои живеат во сушни предели. Клетките на палисадното ткиво се богати со хлоропласти и нивната функција главно е фотосинтеза. Под палисадното ткиво се наоѓа сунѓересто ткиво. Сунѓерестото ткиво е изградено од тркалезни клетки и богато е со меѓуклеточни простори, со што е одговорно за транспирација.

микроскопски препарат за внатрешна градба на лист
Едукативна игра |
одбележи напречен пресек на лист |
ПРОВЕРИ ГО ЗНАЕЊЕТО
одбери поим кој се однесува на даденото тврдење |