Градба на цвет
Цветот е генеративен орган кај скриеносемените растенија.
Цветот за стеблото е обично прикрепен со цветна дршка, а доколку таа одсуствува цветовите се приседнати. Цветната дршка завршува со силно скусен проширен дел кој се вика цветна ложа.
Елементите на цветот според улогата се поделени на заштитни(вегетативни) и репродуктивни(генеративни).
Заштитните листови го представуваат неплодниот дел на цветот.
Првиот круг, чашка е од чашкини ливчиња со зелена боја, чија улога е заштитна.
Вториот круг го сочинуваат венечни ливчиња, кои се поголеми и со живи бои. Тие исто така имаат заштитна функција во однос на репродуктивните елементи на цветот, но со упадливите бои ги привлекуваат инсектите и помагаат во опрашувањето.
Исто така има и цветови со прост околуцветник изграден само од венечни ливчиња или само од чашкини ливчиња.
Во репродуктивни елементи на цветот спаѓаат прашници и плодникот.
Прашниците се составени од прашников конец (филамент) и прашникова ќеса (антера). Секоја антера е составена од две полуантери, кои се поврзани со сврзувачко ткиво. Во секоја полуантера има поленови торбички во кои се образуваат поленови зрна- полен.
Плодникот зазема централно место во цветот. Плодникот или толчникот се состои од три дела:
Проширен дел- плодница ила јајчник (ovarium)
Издолжен дел- столбче (stillus)
На врвот проширен дел- устенце, жиг (stigma)