Движење на телото
Видови мускули
Има три вида на мускули:
срцево мускулно ткиво- работи без наша волја. Со негово стегање и опуштање се овозможува пумпање на крв од срцето.
мазно мускулно ткиво- работи без наша волја. Од ова ткиво се изградени внатрешните органи пр. цревата, дишникот, ѕидовите на крвните садови. Тие прават брановидни движења со кои ги движат материите.
скелетно мускулно ткиво- работи со наша волја. Ова се мускули кои се поврзани за коските и предизвикуваат движења на коските.

Видови скелетни мускули
Скелетните мускули според формата можат да се поделат на:
кружни- мускулите околу очите и околу устата
лентовидни- мускулите на вратот
плочести- мускулите на стомакот и грбот
вретеновидни- мускулите на рацете и нозете

Градба на мускулите
Мускулите се изградени од мускулни влакна, кои се групираат во снопчиња, а тие во снопови. На краевите на мускулите има сврзно ткиво наречено тетива со кое мускулите се поврзуваат за коските. Тетивите не се растегнуваат.
Мускулите пак можат да се стегнат (соберат/ скратат/ контрахираат) и да се опуштат.

Работа на мускулите
Мускулите работат во спротивни (антагонистички) групи/ парови.
На една група мускули кои се стегаат постои спротивна група на мускули кои се олабавуваат.
Пример додека грбните мускули се стегаат, стомачните мускули се олабавуваат.
Додека бицепсот се стега, трицепсот се олабавува.
Кога бицепсот се контрахира (станува покус) ја повлекува тетивата со која е прицврстен за коската, со тоа повлекувајќи ја палечната коска да се крени на горе. Во овој случај трицепсот е опуштен.
Кога трицепсот се контрахира ја повлекува тетивата, така што лакотната коска се придвижува на долу- се исправа. Во овој случај бицепсот е олабавен.