Состав на балансирана храна
Под исхрана (диета) се подразбира храната која секојдневно ја внесуваме.
Храната која секојдневно ја внесуваме треба да ни ги обезбеди сите видови хранливи материи и доволно количество енергија. Таквата исхрана се нарекува правилна исхрана.
Со конзумирање на различни видови на храна се добиваат сите потребни хранливи материи. Но покрај разновидноста на храната, важен е и начинот на приготвување на храната, количината на храната и нејзината содржина. Според голем број на истражувања се смета дека лек за многу болести, но и превентива за нив, е пред се здрава и урамнотежена исхрана.
Здравата исхрана подразбира што е можно повеќе сирова храна како свежото овошје и зеленчук и помалку варена, печена или комплетно изоставување на пржена храна.
Здравата храна која секојдневно треба да ја консумираме е представена пеку пирамидата на исхрана

Колачи и масла треба да се застапени во исхраната во многу мала количина.
Колачите содржат голема количина непотребни шеќери и заситени масти.
Исто така секојдневно и во поголема количина треба да се внесуваат свежо овошје и зеленчук.
Рибата, месото, јајцата, јатките и легуминозните зрна содржат многу протеини.
Млечните производи, риба, месо и јајца треба да се внесуваат но во ограничени количини.
Млечните производи содржат многу протеини и масти.
Овошјето и зеленчукот содржат растителни влакна и витамини.
Во основата на пирамидата на исхрана се сместени житариците.
Лебот, тестенините и оризот содржат скорб и малку протеини.
Покрај тоа што треба да имаме предвид кој вид на храна го конзумираме секојдневно, исто така треба да имаме предвид колкава количина од истата конзумираме (на сликата погоре ни е прикажано колкав процент од секој вид на храна треба да конзумираме во текот на денот).
Во секојдневието конзумираме и течности, но какви треба да бидат тие и во колкава количина треба да ги конзумираме, можеме да видиме од пирамидата погоре.
Исто така здравиот начин на живот покрај здравата и урамнотежена исхрана, како и конзумирање на течности го чини и физичката активност која треба секојдневно да е застапена. Од секојдневни активности, спортски тренинзи, вежби во домашни услови, со сведување на легачењето на минимум. (анализирај ги фотографиите)
Ова е пирамида на штетна храна која треба да ја избегнуваме |
Постојат хранливи материи што треба да избегнувате да ги јадете.
Премногу шеќер може да ги расипе забите. Исто така вишокот шеќер во крвта може да доведе до појава на шеќерна болест. Премногу масти во исхраната може да го зголемат ризикот од срцеви заболувања. Доколу прекумерно се внесуваат јаглехидрати и масти вишокот на хранливи материи телото го скалдира во вид на масни наслаги (сало). Секој човек има потреба од резервни масти, но не е добро да се има премногу. Прекумерната тежина може да предизвика оштетување на зглобовите, зголемување на ризикот од срцеви заболувања и дијабетес (шеќерна болест). |