Како различните хранливи материи влијаат на растот на растението
За да одредиме како хранливите материи влијаат на растот на растенијата потребно ни е:
- растение водна леќа (Lemna sp.) во повеќе примероци. Водната леќа е ситно растение што расте на површината на барите и езерата. Ова растение има облик на лист од кој кон водата висат ситни коренчиња. Ако во водата ставиме само едно растение водна леќа, тоа ќе создаде нови растенија. Со броење колку растенија настанале за одреден временски период може да измериме колку бргу расте водната леќа.
- чашки
- Sach раствор кој содржи(CaSO4(калциум сулфат), MgSO4(магнезуим сулфат), NaCl(натриум хлорид), KNO3(калиум нитрат), FeCl3(железо три хлорид)
Еден примерок од растенито ставаме во чашка со вода во која ги има сите потребни минерали за растење од Sach растворотсоо точно одредена процентуална застапеност. Тоа растение ќе ни биде контрола и служи за споредба со останатите растенија.
Во други чашки со вода ставаме примероци од водна леќа и минерали, но во секоја од чашките да има дефицит(недостаток) на некој од минералите. Во секоја чашка дефицит на различен минерал. После неколку недели ќе ги забележиме резултатите и ќе видиме како изгледаат растенијата кои растеле со недостатотк на некој минерал во споредба со оние кај кои биле застапени сите минерали.
Најдобри резултати се добиваат доколку растенијата растат во присуство на светлина, на температура од 25'C