Клетки, ткива, органи и органски системи
Сите живи организми се изградени од клетки. Клетката е основна структурна и функционална единка на сите живи организми. Таа ги извршува сите животни процеси:
Секоја клетка е одделена од средината во која живее со клеточна мембрана или ципа. Таа е тенка, еластична, полупропустлива и слективна (ги селектира материите кои влегуваат и излегуваат од клетката. Тоа се должи на нејзината сложена градба од масти и белковини.
Цитоплазма е полутечна маса со зрнеста структура и ја сочинуваат посебни делчиња органели:
Јадро е „главна“ органела кое е обвиткано со обвивка со пори. Во јадрото се сместени хромозоми и гени кои ја носат генетската информација(наследувањето).
Митохондрии се ситни телца и важни органели во клетките. Во нив храната се претвора во енергија во процесот клеточно дишење поради што се наречени „фабрики за енергија или термоцентрали “ за клетката.
Рибозоми се ситни телца чија основна функција е создавање на белковини. Тие се наоѓаат по должина на една мрежеста мембрана Ендоплазматичен ретикулум.
Голџиев апарат е органела во која се излачуваат непотребните материи на клетките.
Лизозоми се богати со ензими кои имаат улога да ги разложуваат непотребните материи.
Центриоли се стапчести телца кои се наоѓаат блиску до јадрото и имаат функција во делба на клетката.

Основно нешто од што се изградени сите живи организми се клетките.
Кога ќе се зачне клетка таа почнува интензивно да се дели со што настанува групација на клетки која се нарекува морула. Морулата е всушност зачеток на ткиво.
Ткиво е збир од клетки слични по форма, големина и градба кои се наоѓаат на одредено место и вршат иста или слична улога. Пр. Покривно-епително, мускулно, нервно и др.
Збир од повеќе различни ткива лоцирани едно до друго кои вршат одредена функција чинат орган. Пр. Срцето е изградено од мускулно, епително, нервно, крвно и жилно ткиво. Сите овие ткива овозможуваат срцето постојано да пумпа крв низ нашето тело.
Повеќе поврзани органи во кои се врши некој животен процес представува органски систем.
Повеќе органски системи сочинуваат еден организам.

Во човечкиот организам органски системи се:
Скелетен систем. Нашето тело го градат 206 коски кои меѓусебно се поврзани и градат цврста градба наречена скелет. Мускулен систем. Мускулите поврзани со коските овозможуваат движење на телото. Дигестивен систем. Системот за исхрана ги вклучува органите кои учествуваат во земање и преработка на храната. Циркулаторен систем. Срцето и крвните садови ја носат крвта во сите ткива на телото носејќи кислород и хранливи материи, а земајќи јаглероден диоксид и искористени материи одтаму. Респираторен систем. Го прима воздухот надворешната средина и го спроведува до делови каде ќе се изврши размена. Систем за излачување. Негова функција е одстранување на крајните продукти и вишокот вода во телото. Нервен систем. Ги контролира сите процеси во телото и го поврзува во една целина. Ендокрин систем. Се состои од ендокрини жлезди кои лачат хормони кои регулираат одредени телесни активности. Полов систем. Е системот за размножување. |