Крвни садови
Крвни садови се цевчињата низ кои протекува крв.
Во нашето тело постојат три вида на крвни садови:
aртерии- крвни садови кои ја изнесуваат крвта од срцето
вени- крвни садови кои ја враќаат крвта во срцето
капилари- крвни садови кои ги поврзуваат артериите и вените. Тие ја носат крвта до секое ткиво во телото.

Артерии
Артерии, еластични крвни садови, кои ја пренесуваат крвта од срцето до целото тело.
Нивниот ѕид е изграден од три слоја (надворешен, среден и внатрешен).
Надворешниот слој се состои од сврзно ткиво, кое ги поврзува крвните садови со околните ткива. Средниот слој изграден е од подебел слој мазни мускули, кои му даваат поголема еластичност на крвниот сад. Внатрешниот слој е претставен со еднослоен епител.
Артериите обично се поставени во телото, покрај коските, а над нив се расположени скелетните мускули. На својот пат од срцето до органите артериите се разгрануваат, поагајќи од најголемиот артериски сад - аортата, преку артериите со помал дијаметар, до најмалите артериски гранки - артериоли. Сите артериски садови, со исклучок на белодробната артерија, носат крв збогатена со кислород (оксидирана крв).
Артериите имаат многу дебели, силни и еластични ѕидови. Тие мора да бидат јаки затоа што треба да го издржат силниот притисок што го создава срцето додека пумпа крв низ нив.
Нивните еластични ѕидови имаат способност да се шират и да се вратат во првобитната состојба кога крвта поминува низ нив. Тоа можеш да го почувтсвуваш кога го мериш пулсот.

Вени
Вените се покрути крвни садови. Тие ја пренесуваат крвта од сите делови на телото до срцето. Вените ја вракаат крвта од сите делови на телото до срцето. Вените се градени слично како артериите, но постојат и некои разлики. Така, тие имаат поголем дијаметар и средниот мускулен слој е потенок, што го прави ѕидот поеластичен. Затоа при повреда нивните ѕидови се слепуваат и крвта бавно истекува. Внатрешниот слој кај вените формира залистоци (клапи) кои придонесуваат крвта да минува спротивно од земјината тежа и да не се враќа. При попуштање на мускулните ѕидови, крвниот сад се проширува со што доаѓа до попуштени вени. Сите венски садови (со исклучок на белодробните вени) враќаат редуцирана крв (богата со јаглероден диоксид) назад во срцето.
Вените имаат речиси иста големина како артериите. Сепак, нивните ѕидови се многу потенки, а просторот во нив е поголем. На вените не им се потребни дебели ѕидови бидејќи кога крвта ќе дојде во вените, таа веќе ја изгубила силата што и ја дало срцето. Исто така, немаат потреба од многу еластични ѕидови затоа што крвта во нив тече рамномерно наместо бранови. Во вените има залистоци што дозволуваат крвта да тече само во еден правец- кон срцето.

Капилари
Капиларите се многу ситни крвни садови. Најмалите може да се видат само со микроскоп. Нивниот дијаметар е доволно голем колку да поминат црвените крвни клетки. Капиларите имаат тенки ѕидови, изградени од само еден слој клетки. Ова значи дека супстанците од крвта како што се кислородот и глукозата лесно може да излезат. Задачата на капиларите е да ги снабдуваат клетките со потребни материи од нив.