Менструален циклус на жената представува периодот од првиот ден на менструацијата, до првиот ден на следната менструација.
Менструалниот циклус започнува во пубертетот под директива на хипоталамусот како главна жлезда, кој ја стимулира хипофизата да поттикнува лачење на FSH фоликостимулирачки и LH лутенизирачки хормон.
Менструалниот цикулс се одвива во фази: менструација, предовулација, овулација и после овулација.
Менструација представува исфрлање на неоплодена јајце клетка заедно со распаднатиот ѕид на матката.
Предовулација. Во јајнниците уште од раѓање кај женската единка има голем број фоликули. На почетокот на секој менструален циклус започнува лачење на FSH кој предизвикува созревање на само еден фоликул, кој се нарекува Графов фоликул, во кој е сместена зрела јајце клетка. Откако ќе се формира Графов фоликул започнува да се лачи лутенизирачки хормон, кој предизвикува распаѓање на ѕидот на фоликулот и созревање на јајце клетката која е во него и со тоа започнува процес на овулација. Овулација представува исфрлање на зрела јајце клетка од јајниците. Јајце клетката има 24 часа за да се спушти во матката каде треба да се изврши оплодување. Откако јајце клетката ќе излезе од Графовиот фоликул истиот се претвора во жолто тело (corpus luteum). Оваа фаза се нарекува после овулација. Во оваа фаза жолтото тело лачи хормони прогестерон и естроген кој предивикува задебелување на ѕидот на матката. По завршетокот на плодниот период, поради намалено лачење на прогестерон и естроген доаѓа до распаѓање на ѕидот на матката и неоплодената јајце клетка и настапува менструација, со што започнува следниот менструален циклус.
Како што можеме да забележиме од сликата паралелно со промените кои се одвиваат во јајниците т.е. патот на јајце клетката, се менува и изгледот на ендометриумот (ѕидот на матката).