Минерали во растенијата
Земјоделците и градинарите често додаваат вештачки ѓубрива во почвата, на која ги одгледуваат растенијата. Вештачките ѓубрива обезбедуваат минерални соли од кои растенијата растат поголеми и поздрави. Иако вештачките ѓубрива се скапи, трошокот е исплатлив со дополнителни пари што земјоделците ќе ги добијат од добриот род.
Што се вештачки ѓубрива?
Вештачките ѓубрива содржат минерални соли. Тоа се супстанции што и растението нормално ги зема од почвата. Но често почвата не содржи доволно количество од некои минерални соли, што ги попречува растенијата да пораснат колку што е можно поголеми и поздрави.
Растенијата имаат потреба од различни видови минерални соли.
Азотот од нитратите е потребен за да може растението да создаде протеини. Протеините се хранливи материи што им се потребни на живите организми за градење на нови клетки. Растенитето што не добива доволно нитрати не може да произведе доволно протеини, па не може ниту да создаде нови клетки за да порасне добро. Нитратите се потребни за создавање хлорофил. Ако растението нема доволно нитрати ќе стане жолто место зелено.
Ако е вишок, предизвикува забавување на цветањето и давањето плод. Фосфорот од фосфатите е неопходен за изградба на ДНК и клеточни мембрани. При недостиг на фосфор, лисјата стануваат нежни и млитави, а зелената боја постепено поминува во црвеникава до кафеаво-црна. Овој минерал е значаен за растењето и метаболизмот на растенијата, а најбитен за оформување на бојата на плодот. При недостиг може да се предизвика предвремено паѓање на плодотвите.
|
Калиумот е неопходен за градба на ензими што учествуваат при дишење и фотосинтеза.Учествува во синтеза на шеќери и протеини. Помага во регулација на воден биланс, ја подобрува цврстината и отпорноста на студ. При недостиг на калиум листовите стануваат жолти со мртви точки, растението запира и застението венее.
Магнезиумот исто така е потребен за создавање на хлорофил. За производство на јаглехидрати, шеќери и масти. Недостигот на магнезиум предизвикува пожолтување на листовите. |