Невидливо пишување
Невидливо мастило е секоја супстанца која кога ќе стапи во хемиска реакција (неповратен процес) потемнува. Разоткривањето на текстот напишан со невидливо мастило најчесто се врши со загреавање или премачкување на друга материја.
Пишување со сок од лимон
Сокот од лимон е органска материја која оксидира во присуство на кислород. На топлина реакцијата е поинтензивна, така што кога хартијата ќе се загрее испишаната површина ќе потемни.
Бидејќи растворениот сок од лимон е светол, тешко е да се забележи неговото присуство врз хартијата,поради што ваквото пишување се нарекува невидливо пишување. Со загревање на хартијата тајната порака ќе се открие.
Други супстанции кои можат да послужат за изработка на невидливо мастило се: сок од портокал, мед, млеко, сок од кромид, оцет и вино.

Пишување со сода бикарбона (NaHCO3)
Доколку пораката испишана со сода бикарбона ја премачкаме со гроздов сок, сода бикарбона и гроздов сок реагираат меѓу себе во кисело базна реакција, така што ќе предизвикаат промена на бојата на текстот.