Нервен систем
Нервниот систем е составен од централен нервен систем и периферен нервен систем.
Централен нервен систем го сочинуваат черепниот мозок кој е сместен во черепната кутија и 'рбетниот мозок, кој е сместен во 'рбетот.
Периферен нервен систем се сите нерви надвор од мозокот. Тоа се всушност нервни влакна кои се простираат до секој орган, испраќаат информација за дразба до мозокот и враќаат наредба за извршување реакција до соодветниот орган.
На пример кога ќе допреме жешка рингла сетилните клетки на раката ќе се инервираат, информација дека сме допреле нешто жешко носат до мозокот, каде што стануваме свесни дека сме допреле нешто жешко. Потоа информација се враќа до раката за таа соодветно да реагира т.е. да се одтргне од жешката рингла.
Оваа реакција се одвива многу брзо, во дел од секундата, што укажува на тоа дека нервниот систем работи со огромна брзина.
Меѓутоа брзината на реакција е различна кај сите луѓе.
За да ја измериме брзината на реакција можеме да изведеме едноставен експеримент.
За таа цел потребен ни е линијар од 30см.
Личноста кај која испитуваме брзина на реакција треба да ја постави раката така што палецот и показалецот треба да ги постави од двете страни на линијарот.(со палецот од една страна и сите други прсти паралелни еден до друг од друга страна да ја формира буквата П во хоризонтална-легната положба)
Оној што го врши истражувањето треба да го постави линијарот над раката од испитаникот така што ќе го држи за вредноста 30см, во ВЕРТИКАЛНА положба и изненадно да го одпушти линијарот. Ако испитаникот побрзо реагира (има поголема брзина на реакција) ќе го фати линијарот на помала бројка, ако истиот побавно реагира ќе го фати линијарот на поголема вредност, а може и да ги пропушти линијарот кој со голема брзина ќе помине низ неговата рака.
За да биде поточно мерењето може да направите повеќе мерења за една личност, така што во предвид ќе земете средна вредност од сите мерења. На пример ако спроведете три мерења за секоја личност, ги собирате трите добиени вредности и збирот го делите со 3.
Потоа резултатите од сите испитаници представете ги на столбест дијаграм.