Оплодување
Во цветот се врши полово оплодување.
Цветот е составен од вегетативни и генеративни цветни елементи.
Генеративни цветни елементи се: машките полови органи- прашниците и женскиот полов орган толчникот.
Толчникот (плодникот) е изграден од устенце, столбче и плодница или овариум.
Плодницата или јајчникот го представува проширениот дел на плодникот.
Тој се состои од централна празнина во која се формира семенов зачеток.
Семеновиот зачеток е заштитен со две обвивки интегументи. При врвот на внатрешниот интегумент се формира мал отвор микропила.
Семеновиот зачеток се прикрепува за плодницата со дршка, а местото каде се прикрепува се вика плацента.
Семеновиот зачеток се состои од: јајцев апарат составен од јајце клетка и две клетки придружнички (синергиди), централна диплоидна клетка и три антиподи. Ова е седумјадрена ембрионална торбичка т.е. женски гаметофит спремен за оплодување.
По опрашувањето започнува оплодување. Поленовото зрно откако ќе падне на устенцето од плодникот започнува да никне т.е. внатрешната обвивка интнина излегува низ отворите(порите) на надворешната обвивка егзина и формира поленова цевка. Поленовата цевка брзо расте и се издолжува и продира низ столбчето на плодникот стигнувајќи до плодницата овариум и навлегувајќи во женскиот гаметофит (ембрионалната торбичка).
Штом поленовата цевка продре во ембрионалната торбичка ги ослободува двете спермални јадра, така што доаѓа до двојно оплодување. Едното спермално јадро ја оплодува јајце-клетката и се добива зигот, а другото спермално јадро се соединува со централната диплоидна клетка со што ќе се добие хранливо ткиво (ендосперм) кој ќе го храни ембрионот во текот на неговиот развиток.