Органи во телото
Човечкото тело се состои од: ГЛАВА, ТРУП (граден кош и абдомен) и ЕКСТРЕМИТЕТИ (раце и нозе).
Главните органи т.е. органите кои се од животно значење за човекот се сместени во главата, градниот кош и абдоменот.

Мозокот (cerebrum) мозочен- церебрален
е дел од нервниот систем, сместен е во главата на човекот, но исто така има и нерви кои се простираат низ цело тело- земаат информации од секој орган и враќаат информации назад. Што значи мозокот ја контролира работата на целиот човечки организам.

Бели дробови (pulmones) белодробен- пулмонарен
се органи кои служат за дишење, тие се дел од респираторниот систем. Со дишењето во белите дробови се внесува кислород, а се изнесува јаглероден диоксид.

Срцето (cor) срцев-кардијален
е орган кој постојано пумпа крв низ нашето тело. Крвта циркулира во телото низ канали, наречени крвни садови.
Срцето, крвта и крвните садови го сочинуваат циркулаторниот систем.

Желудникот (gaster) желудечен-гастричен и цревата
се дел од дигестивен систем (систем за варење на храната). Храната влегува низ устата, таа оди во желудникот каде се дигестира, а потоа во цревата за да се апсорбираат хранливите материи, непотребните материи се исфрлаат од телото како измет.

Црн дроб (hepar) црнодробен- хепарен
е исто така дел од дигестивниот систем. Тој е еден вид лабараторија во нашиот организам во која се преработуваат непотребните материи.

Бубрези (ren) бубрежен- ренален
се дел од системот за излачување. Тие ја филтрираат крвта и ги исфрлаат непотребните материи како мокрача.

линк за едукативна игра
Органите во човечкото тело се групирани во органски системи:
Скелетен систем
Мускулен систем
Дигестивен систем
Респираторен систем
Нервен систем
Циркулаторен систем
Систем за излачување
Ендокринен систем
Имунолошки систем
Полов систем
Скелетен систем
Мускулен систем
Дигестивен систем
Респираторен систем
Нервен систем
Циркулаторен систем
Систем за излачување
Ендокринен систем
Имунолошки систем
Полов систем