Повратни и неповратни промени на материите
Сите материи можат да се менуваат. Некои сами се менуваат, а некои ние ги менуваме. Во зависност од видот на материјата, секоја материја различно се однесува кон секоја промена. Промените на материите можат да бидат: повратни и неповратни.
Повратни промени се оние промени на материите при кои материјата може да го промени обликот, но не и нејзините својства, така што може да се врати во првобитната состојба.
Повратните промени уште се нарекуваат физички промени.
Пример за такви промени се: менување на агрегатна состојба, свиткување, топење, мрзнење...
Неповратни промени пак, се оние промени при кои се менуваат својствата на материјата и таа не може да се врати во првобитната состојба.
Ваквите промени се наречени хемиски промени на материите, бидејќи при овие промени на материите настанува хемиска реакција или процес. При хемиска реакција се ослободува некоја материја и се добива нова материја.
Пример горење, готвење, 'рѓосување, растварање на некои материи...