ПУБЕРТЕТ
Во текот на својот живот човекот поминува низ неколку фази:
1. новороденче
2. детство
3. пубертет
4. младост
5. зрелост
6. старост
1. новороденче
2. детство
3. пубертет
4. младост
5. зрелост
6. старост
1. Фазата новороденче започнува со раѓањето и трае до првата година од животот.
Новороденчињата не можат да зборуваат, да се хранат и да се облекуваат самостојно.
2. Детството е период помеѓу 1 до 10 години.
Во првите две години од детството децата учат како да одат, да зборуваат , да се облекуваат и да се грижат за себе.
3. Пубертет е најбурниот преиод во животот на човекот. Се случува од 11 до 14 години.
Во пуберетот започнува оформување на половите органи кај машките и женските организми, кои сега веќе создаваат полови клетки. Овие промени во оргаизмот се нарекуваат примарни полови карактеристики.
Половите органи почнуваат да лачат полови хормони кои придонесуваат за развивање на секундарни полови карактеристики (промени во надворешниот изглед).
Кај момчињата пубертетот трае од 12 до 18 година, а промените во надворешниот изглед се:
длабок глас
појава на брада и мустаќи, како и влакнатост по цело тело
силни мускули
развивање на раменици, а стеснување на колкови
Кај девојчињата пубертетот трае од 10 до 16 година, а промени во надворешниот изглед се:
нежен глас
потенки влакна кои покриваат само некои делови од телото
развивање на гради и млечни жлезди
стеснување на раменици, а заоблување на колковите
чувство на женственост
4. По пубертетот настапува младоста и трае од 14 до 18 години. Таа се одликува со полова зрелост.
Кога децата го достигнуваат крајот на адолесценцијата (младоста) се сметаат за возрасни.
5. Зрелоста е најдолга фаза и трае од 18 години до старост.
6. На крајот на животниот циклус настапува старост. Се одликува со намалена работа на сите делови од телото. Кожата станува потенка, помалку еластична и се појавуваат брчки. Косата добива бела боја, мускулната маса се намалува, коските стануваат лесно кршливи, крвните садови ослабуваат, мозочните клетки почнуваат да изумираат. Кај жените околу педесеттата година престанува месечниот циклус.
После староста настапува смрт на единките . Но животниот циклус продолжува доколку човекот остави свое потомство.

Менструација и менструален циклус
Менструален циклус на жената се мери од првиот ден на нејзината менструација до првиот ден на следната менструација. Кај повеќето жени, циклусот трае од 24 до 35 дена. Месечниот циклус може да се подели во 4 фази: менструација, пред овулација, овулација и по овулација.
Менструација (крварење) представува исфрлање на неоплодена јајце клетка заедно со слузта од матката. Менструацијата трае 3-7 дена и притоа се губи 10-80 ml крв.
Пред овулација е фаза во која се создава јајце клетка во јајнците.
При овулација јајцеклетката од јајниците преку јајцеводите се спушта кон матката каде чека да биде оплoдена.
После овулација матката се подготвува за оплодување на јајцеклетката и развиток на плодот.
Кога не се случува оплодување јајцеклетката изумира и заедно со слузта од матката се исфрла како следна менструација и тогаш започнува нов менструален циклус.