Расејување на семе
После процесот на оплодување од семеновиот зачеток се добива семе. Исто така, паралелно со преобразба на семеновиот зачеток во семе, се преобразува и плодницата која постепено се трансформира во плод*. Што значи плодот во себе содржи семе. Од семето понатаму се добива ново растение.
Кога новото растение ќе почне да расте, ќе му биде потребно простор само за него. На секое растение му треба вода, светлина и минерални соли за да расте добро.
Ако сите семиња самите испаднат од растението на почва, новите растенија ќе се обидуваат да растат на едно место. Сите тие ќе треба да се натпреваруваат едни со други за вода, светлина и минерални соли. Ќе треба да се натпреваруваат и со родителското растение.
Новите растенија имаат подобри шанси за преживување ако растат на некое друго место. Тие треба да се расеат подалеку од родителското растение.
Расејувањето т.е. распространувањето на семињата може да се извршува на повеќе начини:
Расејувањето на плодовите во кои директно учествува родителскиот организам се нарекува автохорија (саморасејување) Пр. Кај дивата краставица, здравец, виоли и др.
Кога расејувањето на семињата и плдовите се врши со ветер пр. Глуварче, топола, јавор и др. Имаме анемохорија.
Постапката на расејување на плодовите и семињата со вода, се нарекува хидрохорија.
Зоохорија представува расејување со животни.
Доколку расејувањето на плодовите и семињата го врши човекот постапката се нарекува антропохорија.
Типот на расејување зависи од градбата на семето.
*Од кулинарска гледана точка, зеленчукот е помалку благ, посолен е и се служи како дел од главно јадење. Овошјето е поблаго и кисело и најчесто се служи како десерт или ужина.
И од овошјето и од зеленчукот може да се направи освежувачки пијалак. Некои овошја се зрнести или јаткасти или во вид на семе.Од нутритивна гледна точка овошјето и зеленчукот се слични. Сиромашни се со калории и маснотии, но имаат голем процент на растителни влакна. Овошјето и зеленчукот содржат состојки кои се добри за здравјето како што се антиоксидансите. Полни се со витамини и минерали.
Според ботаничарите, овошјето е дел од растението кое се развива од цветот. Исто така, тоа е дел од растението кое во себе ги содржи семките. Другите видови растенија се сметаат за зеленчук. Тие ги вклучуваат стеблото, листовите и корењата – дури и цветот од пупка.
Така, ботанички, во овошје спаѓаат:
Авокадо, грав, боранија, пченка, краставица, житарки, јаткасти овошја, маслинки, пиперки, тиква, семе од сончоглед и домати.
Во зеленчукот се вклучени: целер (стебло), марула (листови), карфиол и брокули (пупка), цвекло, морков и компир (корен).