Репродуктивен систем
Сите органски системи се исти кај момчињата и девојчињата. Единствено системот за размножување или репродуктивниот систем е различен кај машкиот и женскиот пол.
Машки полов систем
Машкиот полов систем се состои од семеници или тестиси кои се сместени надворешно меѓу бутовите во кожни ќесиња наречени скротуми. Внатрешноста на семениците е исполнета со полизвиткани каналчиња во кои се создаваат сперматозоиди (машки полови клетки за размножување). Од семениците сперматозоидите се упатуваат кон надсеменикот каде созреваат и стануваат подвижни. Од двата надсеменика излегуваат канали- семеводи, кои ги носат сперматозоидите до простата. Простатата е жлезда која создава спермална течност богата со шеќери кои им обезбедуваат енергија за движење на сперматозоидите. Спермалната течности и сперматозоидите сочинуваат сперма. Од простатата спермата се исфрла во мочниот канал(uretra). Мочниот канал кај момчињата има двојна улога. Тој е дел и од репродуктиниот систем, но и од екскреторниот систем.
|
Женски полов систем
Женскиот полов систем започнува со јајници,ситни сплескани телца со бадемест изглед, во чија внатрешност се создава јајцеклетка (женска полова клетка за размножување). Јајцеклетката од јајниците излегува низ јајцеводи. Јајцеводите се канали во чија внатрешност има ресички кои ја туркаат јајце клетката кон матката. Матката има крушковиден облик, така што тесниот дел е свртен надолу. Проширениот дел на матката се нарекува тело на матката, тесниот дел се нарекува врат на матката (грло на матката), а внатрешноста е обвиена од посебен вид епител кој се нарекува ендометриум. Вратот на матката се простира до родилниот канал кој завршува со женскиот полов орган вагина.