Респираторен систем
Респираторниот систем служи за дишење т.е. снабдување на нашиот организам со кислород, а исфрлање на јаглероден диоксид.
Системот за дишење започнува со усна празнина или носна празнина. Поправилно е да се дише низ нос, затоашто во носната празнина воздухот се прочистува, навлажнува и затоплува.
Голтка- тоа е заеднички орган за дигестивен и респираторен систем. Голтката има капаче кое кога јадеме го затвара дишникот за да не ни залетне храната во него.
Потоа следува грклан во кој има гласни жици кои воздухот ги растреперува и така се создава глас.
Дишникот е цевка која се грани на две дишнички гранки кои навлегуваат во двете белодробни крила.
Во белите дробови има многу ситни крвни садови кои го земаат кислородот и го носат до сите органи во нашето тело.

Во процесот на вдишување и издишување значајна улога завземаат дијафрагмата и меѓуребрените мускули.
При вдишување дијафрагмата се спушта, а мускулите го шират градниот кош со што се зголемува капацитетот на белите дробови за да примат поголемо количество на кислород, а потоа тие го намалуваат просторот во градниот кош со што доаѓа до издишување