Систем за излачување
Системот за излачување служи за отстранување на вишокот вода од телото, заедно со штетните материи (отпадните продукти од метаболизмот)
Всушност непотребните материи се исфрлаат на следните начини:
преку кожата во облик на пот
преку белите дробови во облик на водена пареа заедно со издишаниот воздух
преку цревниот тракт заедно со изметот
преку бубрезите, во облик на моч секојдневно се исфлраат 1 до 1,5 литар моч

Локација на бубрезите
Бубрезите се сместени во грбниот дел од стомачнат празнина. Секој бубрег е затворен во капсула од сврзно ткиво, а исто така бубрезите се обвиени со масно ткиво кое ги штити бубрезите од: повреди, потреси и настинки (термоизолатор).
Надворешен изглед на бубрезите
Бубрегот е со форма на зрно грав. Сплескан орган е со должина од 10см, широчина од 5см и дебелина од 2,5см. Од внатрешната страна на бубрегот се наоѓа вдалбнатина наречена бубрежна чашка низ која бубрежната артерија, вена и мочоводите се поврзуваат со бубрегот.
Внатрешна градба на бубрезите
На напречен пресек на бубрегот се разликуваат три слоеви:
Бубрежна кора (кортекс) е надворешнот слој на бубрегот во кој се сместени нефроните (основни структурни и функционални телца на бубрегот). Во бубрежната кора има 1 милион нефрони.
Бубрежната срцевина (медула) е составена од собирни каналчиња кои ги градат бубрежните пирамиди. Врвовите на пирамидите завршуваат во бубрежното легенче.
Бубрежното леѓенче е највнатрешниот дел од бубрегот во кој се собира мочта, која потоа оди во мочководите, а од таму во мочниот меур и преку мочниот канал се исфрла во надворешната средина.

Функција на бубрезите
Основна функционална единка на бубрезите се нефроните.
Нефронот е изграден од топчест и цевчест дел кој се надоврзува на собирно каналче од пирамидите. Топчестиот дел кој се вика гломерул, обвиен е со капсула од сврзно ткиво наречена Бовманова капсула. Во овој топчест дел се врши филтрација на крвта. Од топчестиот гломерулот продолжува во цевчест дел во кој патува филтратот кој во себе покрај непотребни материи содржи и потребни материи поради што се нарекува примарна моч. Од примарната моч корисните материи преминуваат преку мембраната на цевчестиот дел од нефронот, а непотребните материи се враќаат во цевчестиот дел на нефронот. Овој процес се вика реапсорбција, со што се добива секундарна или конечна моч. Конечната моч од цевчестиот дел на нефронот се упатува во собирно каналче. Собирните каналчиња ги градат бубрежните пирамиди. Од пирамидите мочта оди во чашките на бубрежното легенче, а од легенчето одат во мочководи, мочен меур и преку мочен канал се исфрлаат во надворешната средина. |
Мочководи
Мочководите се долги тенки мускулни цевки, кои предизвикуваат брановидни движења што помагаат во движењето на мочта. Мочен меур Мочниот меур е мускулно ќесе во кое се собира мочта. Кога мочниот меур е празен мускулниот ѕид се собира, мочниот меур е цврст и без простор. Кога мочниот меур се полни се зголемува од 5см па до 12,5см и повеќе. На излезот од мочниот меур има мускул наречен надворешен стегач, кој има улога во празнењето на мочниот меур. Кога мочниот меур е полн, рецепторите на ѕидот од мочниот меур се дразнат и испраќаат дразби до долниот дел на рбетниот мозок. Од таму моторни дразби се праќаат до мускулот наречен надворешен стегач, па тој се опушта за мочта да оди низ изводен мочен канал во надворешната средина. |
Моч
Мочта е жолтеникава течност составена од 95% вода и 5% растворени материи: уреа, мочни киселини, амоњак и соли.
Во мочта не смее да има: белковини, шеќери, еритроцити, леукоцити.
Мочта е жолтеникава течност составена од 95% вода и 5% растворени материи: уреа, мочни киселини, амоњак и соли.
Во мочта не смее да има: белковини, шеќери, еритроцити, леукоцити.