Спроводници и изолатори
Материите кои имаат способност да пренесуваат електрицитет се нарекуваат спроводници.
Такви материи се: метали (железо, бакар, алуминум, злато, сребро, жива), вода, човек, графит и др.
Во практиката металите се користат за пренесување на електрична енергија од фабриките, преку далноводите, во трансформаторите, преку жици на бандерите до нашите домови, училишта и различни установи.
Меѓутоа не сите метали се користат за оваа намена. Услов за некој метал да се користи за пренесување на електрична енергија е:
1. тој да е добар спроводник на електрицитет
2. да е мек метал така што ќе може да се извлекува во жици и
3. да не е скап.

Материите кои немаат спосбност да пренесуваат електрицитет се нарекуваат изолатори.
Такви се: пластика, гума, дрво, хартија, стакло, масла и др.
Пластиката на пример бидејќи нема спосбност да пренесува електрицитет се користи за обвиткување на жиците во каблите, со што не штити од струен удар.
Ако допреме одголени жици кои пренесуваат електрицитет и ние како спроводници ќе станеме дел од струното коло, низ нас ќе потече електрицитетот и ние ќе добиеме струен удар.
Како да се заштитиме од струен удар?