Срце
Срцето е сместено во градниот кош веднаш под ребрата, на средина помеѓу белите дробови, во пределот наречен средоградие. Со долниот дел е малку свртено налево, поради што отчукувањата се чувствуваат на левата страна.
Срцето е речиси со иста големина како и твојата тупаница. Изградено е од многу силен мускул. Срцевиот мускул во текот на целиот живот постојано се стега (контрахира) и опушта. Колку и да си изморено, твоето срце продолжува да работи.

Градба на срце
Срцето е мускулест орган. Тој е шуплив орган,низ чии празнини протекува крв. Неговите ѕидови се изгредени од три слоја: надворешен (перикард), среден мускулен слој (миокард) и внатрешен епителен слој (ендокард).
Внатрешноста на срцето со една надолжна преграда е поделено на лева и десна половина. Низ левата половина на срцето тече оксидирана (крв богата со кислород), а низ десната половина на срцето тече редуцирана или реоксидирана (крв богата со јаглероден диоксид).
Со напречна преграда срцето е поделено на две предкомори и две комори. Помеѓу предкомората и комората се наоѓаат залистоци или клапи кои не дозволуваат крвта да се врати назад. Што значи крвта секогаш тече од предкоморите во коморите и не може да се враќа назад.

Како работи срцето
Срцевата работа се одвива циклично.
Секој циклус- срцев циклус се состои од три фази кои заедно траат 0,8 секунди и се изразува со едно одчукување на срцето:
- фаза на контракција- систола
- фаза на олабавување- дијастола
- фаза на одмор.
Иако десната и левата половина на срцето се одвоени тие работат заедно (истовремено).
Најнапред се стегаат (контрахираат) предкоморите, а потоа се стегаат коморите. Ова е активна фаза во работата на срцето и се вика систола.
После секоја контракција на мускулатурата следува олабавување наречено дијастола.
А потоа следува фаза на одмор.
Поконкретно работата на срцето се одвива на следниот начини:
Прво се стегаат предкоморите (систола), а потоа коморите. Кога предкоморите се во систола, коморите се во дијастола; кога коморите се во систола, предкоморите се во дијастола (олабавување). Срцева пауза или одмор е оној дел од срцевиот циклус кога и предкоморите и коморите истовремено се во мирување.
Срцето има сопствен довод на крв- сопствен крвоток (коронарен крвоток). Коронарните (срцеви) артерии носат кислород и хранливи материи до мускулите на срцето. Што значи срцето е орган кој сам си ја поттикнува својата работа, но врз неговата работа влијае и нервниот систем, кој може да ја забрза или забави работата на срцето.

Пулс
Коморите пумпаат крв во артериите. Кога комората се грчи таа под притисок крвта ја изпумпува во крвните садови. Постојаното испумпување на крвта предизвикува брановидно движење на крвта низ артериските крвни садови. Ваквото брановидно движење е наречено пулс. Пулсот може да се почуствува при допир на артерија која е релативно блиску до површината на телото, на пр. на артериите во коренот на дланката и на вратот. Нормален пулс е од 70 до 80 отчукувања во минута.
Крвен притисок
Крвниот притисок е сила со која крвта притиска на ѕидовите на крвните садови.
Вредноста на крвниот притисок е важен податок за здравствената состојба на човекот.
Се мерат две вредности на крвниот притисок:

- Систолен притисок, притисокот врз крвните садови кога срцето се наоѓа во мускулната контракција, кој изнесува околу 120 милиметри живин столб (mm Hg).
- Дијастолен притисок, притисокот измерен во тек на олабавување на срцевиот мускул кој изнесува околу 80mmHg.