Хемиски реакции за дигестивен систем
Количина на енергија во храна
За да дознаеме колкаво количество на енергија содржат различни видови хранливи производи можеме да постапиме на следниот начин.
Да земеме различни хранливи намирници: макарони, бсиквити, леб, кашкавал, мешунки, чипс и др. Од секој вид храна треба да измериме иста количина/ грамажа.
Запалуваме шпиртна ламба и над неа со штипка гориме некој од претходнонаведените хранливи намирници.
Над пламенот од запалената храна поставуваме епрувета со вода, чија температура претходно ја измеривме. По целосно согорување на храната повторно ја мериме температурата на водата.
Истата постапка ја применуваме за различните типови хранливи намирници.
Потоа измерените температурни вредности ги представуваме на столбест дијаграм за да воочиме кој вид на храна постигна највисока температура на водата во епруветата при нејзино горење т.е. кој вид на храна содржи најголема енергетска вредност.
погледни видео за експериментот

Тестирање на јаглехидрати
Во шеќерот и слатките производи има прости шеќери, додека во производи како компири, тестенини, житарици и ориз има посложени шеќери како скроб.
Присуството на скроб во некоја хранлива намирница може да се докаже со јод, така што врз намирницата ќе капнеме неколку капки јоден раствор. Јодот во присуство на скроб ќе ја промени бојата од портокалова во темно плава.
погледни видео

Присуствито на прости шеќери во храната може да се докаже со Бенедиктов раствор.
Воепрувети се става еднаква количина на исцеден сок од различни намирници. Нив има се додава еднакво количество Бенедиктов раствор. Потоа епруветите се поставуваат во врела вода за да се случи реакција. Таму каде што има шеќери ќе настане промена на бојата.

Тестирање на масти
Присуството на масти во некој тип на храна може да се докаже на следниот начин. Секој вид намирница која сакаме да ја тестираме ја ситниме и и додаваме вода. Од течноста со чепкалка нанесуваме врз филтерна хартија и оставаме да се исуши. Откако ќе се исуши само дамката од храната која содржи масти ќе биде сјајна.
погледни видео
погледни видео
Тестирање на протеини
Доказ дека во некоја намирница се содржат протеини е промена на боја при реакција со Биуретов раствор. Кога во епрувета имаме течност од намирница која содржи протеини и неа и се додаде Биуретов раствор, при реакција се добива розово- виолетово обојување.
погледни видео погледни видео
погледни видео погледни видео
Влијание на температурата врз амилаза
За овој експеримент ни се потребни шест епрувети. Секоја од нив ја означуваме/ бележиме со бројка.
Во три од нив пр. 1,2 и 3 ставаме 5 cm3 1% раствор на скроб и потоа додаваме по 6 капки јоден раствор во секоја од нив.
Во следните три епрувети 4, 5 и 6 ставаме иста количина амилаза.
Потоа подготвуваме три водени бањи (тегли со иста количина на вода).
Во првата тегла додаваме мраз. Во втората тегла водата треба да е собна температура- околу 20 степени. Третата тегла треба да има топла вода околу 35 степени.
Во првата тегла ги ставаме епруветите 1 и 4, во втората 2 и 5, а во третата 3 и 6.
Епруветите што се во иста тегла ги претураме една во друга.

Потоа набљудуваме што се случува. Секоја епрувета во секоја од теглите има сино обоен раствор поради тоа што скробот во присуство на јод се обојува сино. Но постепено сината боја ќе почне да се губи. Зошто? Амилазата е ензим кој го разградува скробот и ќе го распадне јодно- скробниот комплекс. Овој процес најбрзо ќе се одивива во топлата вода, но доколку би поставиле ваква епрувета во жешка вода бидејќи амилазата е ензим- по состав проетин тој ќе се уништи на висока температура и нема да делува.